Блогерка е категорична – никој не изгледа совршено од сите агли и добрите пози се клучни за совршените Instagram фотографии. Сара Пухто се обидува да им ја подигне самодовербата на припадничките на понежниот пол, покажувајќи им дека сите имаат „лоши агли“ и дека тоа не треба да ги потиштува.


„Никој нема стомачни мускули и рамен стомак 24/7 додека седи“ - порачува 20-годишната девојка.




„Телото на ниту една личност не изгледа исто убаво од сите агли. Не јадете помалку и не ги прескокнувајте омилените јадења/пијалаци и не претерувајте со вежбањето за да изгледате убаво на одмор или да изгледате убаво на бикини фотографиите, затоа што секогаш ќе има агли во кои нема да изгледате толку привлечно и може да се почувствувате лошо кога ќе се видите од нив. Наместо тоа, вежбајте и јадете здраво затоа што тоа прави да се чувствувате добро. Започнете да го сакате и прифаќате своето тело со сите ваши недостатоци, наместо да се обидувате да се вклопите во сликата на општеството за убавина, бидејќи таа слика не е инклузивна за сите индивидуи, а тоа е изопачено“ - пишува таа.




