Почетна » Новости » Занимливости » Рајан Рејнолдс роденденски изненади момче кое останало без другарчиња поради преселба

Рајан Рејнолдс роденденски изненади момче кое останало без другарчиња поради преселба

Преселувањата се многу тешки и особено влијаат врз развојот на децата. Малиот Демиен од Канада се чувствувал многу осамен откако заедно со семејството се отселиле во нов град.

Тој тагувал бидејќи знаел дека во новото соседство нема другарчиња со кои би можел да го прослави својот 9-ти роденден. Откако неговите родители дознале за тоа, испратиле порака со апел – секој што е во можност, да му испрати роденденска порака или честитка. „Се чувствуваме виновни што го оттргнавме од другарчињата“ – велат тие.

Овој повик се распростани насекаде и момчето прими стотици честитки од целиот свет. Но, најубавата пристигна од Рајан Рејнолдс, кој го глуми неговиот омилен антихерој Дедпул.

Погледнете ја видео-пораката:

Изненадување за Демиен

„Многу сме благодарни што толку брзо светот се обедини за Демиен. Во ова време, кога светот е толку поделен, луѓето толку брзо се здружија за некој што не ни го познаваат“ – велат родителите.

Демиен доби и торта со ликот на Дедпул, како подарок од локална слаткарница.

Изненадување за Демиен

Absolutely beautiful reveal!

Posted by Damiens birthday project on Tuesday, November 24, 2020
Изненадување за Демиен Изненадување за Демиен Изненадување за Демиен Изненадување за Демиен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.