Почетна » Новости » Занимливости » Принцот Вилијам нежно го бакнува синчето Луи на фотографија со трите деца направена од војвотката Кетрин

Принцот Вилијам нежно го бакнува синчето Луи на фотографија со трите деца направена од војвотката Кетрин

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам им посакаа среќни божиќни празници на сите нивни следбеници на социјалните мрежи.

Наместо честитка, тие споделија неодолива фотографија од Вилијам и нивните три деца. На неа, 37-годишниот принц нежно го бакнува малото синче Луи додека покрај нив стојат принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Фотографијата била направена од војвотката Кетрин во текот на годината што изминува во нивниот дом во Норфолк.

Принцот Вилијам со трите деца

„Среќен Божиќ! Оваа фотографија од Војводата од Кембриџ, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи беше направена од војвотката Кетрин во Норфолк во текот на оваа година. Им посакуваме на сите наши следбеници среќен и релаксиран божиќен ден“ – напишаа од Кенсингтонската палата.

Принцот Вилијам со трите деца

Кетрин редовно застанува зад фотоапаратот за да ги овековечи важните моменти за нејзиното семејство и секогаш добива комплименти кога ќе објави некоја од своите фотографии.

Принцот Вилијам со трите деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.