Почетна » Новости » Занимливости » Пример за емпатија и другарство: Второодделенци од Битола со огромна поддршка за две соученички кои имаат дијабетес

Пример за емпатија и другарство: Второодделенци од Битола со огромна поддршка за две соученички кои имаат дијабетес

Живееме во време во кое постојано слушаме за врсничко малтретирање, булинг, исмејување... Но, едно специјално одделение од Битола е пример за спротивното.

Дечињата од второ четири одделение од основното училиште „Св. Климент Охридски“ ќе ве научат што е емпатија, љубов и поддршка и ќе ви покажат како цел еден клас, предводен од прекрасна учителка, може да се обедини за да охрабри личности кои се исправени пред голем предизвик.

Во второ четири учат Софи и Теа, девојчиња кои од мали нозе се соочуваат со дијабетес тип 1. Тие носат потежок ранец од останатите ученици. Покрај школскиот прибор, тие носат и инсулин, мерач за шеќер во крвта и закуски.

Но, Софи и Теа не се сами во нивната борба. Зад себе, двете второодделенки го имаат целото одделение и учителката Весна Аврамовска Димитровска, која кога е потребно, им става инсулин за време на часовите.

Дијабетес

Видеото снимено по повод Светскиот ден на дијабетесот ја раскажува сторијата за ова одделение и ги покажува секојдневните предизвици со кои се соочуваат овие деца.

Видео

„Суштината на нашата поврзаност е токму ова, синиот круг преплетен меѓу нас како нераскинлива нишка која нè држи заедно и посилно.“

„Тоа сме ние, Теа и Софи. Не знаеме животот каде ќе нè однесе, но знаеме дека ќе бидеме баш вакви. Пред сè луѓе, добри мајки, одговорни сопруги и успешни жени“ – вели во видеото едно од девојчињата.

„Сите на мене ми велат браво за ова што го правиме. Но, јас велам браво за овие деца и за нивните родители на кои секој ден им е вистинска борба“ – вели учителката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.