Почетна » Новости » Занимливости » Приказна за еден град

Приказна за еден град

„Приказна за еден град” е насловот на годинашниот новогодишен џез концерт на Jazzna & Friends кој во Битола на 26 декември ги носи извонредните музичари Џон Илија Апелгрин, Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски кои заедно со вокалистката Јасна Димитровска ќе направат вистинска џез бајка од познати кавери изведени во џез манир.

Каков ќе беше животот без џез, добро знаат љубителите на овој музички правец, а битолската публика уште на првиот ден од продажбата на билетите ја распродава големата сала на Центарот за култура во Битола.

Празничен џез концерт

Оваа година концертот има и мисија преку музиката да направи спој со уметноста создадена од битолските ученици вклучени во треш челинџ акцијата “Мети си со класнето” создавајќи уметнички скулптури од смет кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура пред почетокот на овој голем концерт.

„Божиновски часовници и накит“ е главен поддржувач на овој настан.

Празничен џез концерт

Битола со вакви извонредни музички настани покажува дека има можности и има публика еднаква на големите градови.

Концертот е на 26 декември со почеток во 20.30 часот.

Празничен џез концерт Празничен џез концерт Празничен џез концерт Празничен џез концерт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.