Почетна » Новости » Занимливости » „Престанете да ги прашувате жените кога ќе имаат бебе“: Моќен текст од жена која се борела со неплодност

„Престанете да ги прашувате жените кога ќе имаат бебе“: Моќен текст од жена која се борела со неплодност

Блогерка им се обрати на сите оние кои постојано ги прашуваат жените „Кога бебе?“.

Деван Ферер напиша моќен текст во кој објаснува дека иако за некои тоа е само обично прашање, за други може да биде болно и неудобно. Како личност која се борела со неплодноста и имала спонтан абортус, таа добро знае како се чувствувала во вакви ситуации, па ги замолува сите да престанат да им го поставуваат ова прашање на паровите.

Престанете да ги прашувате жените кога ќе имаат бебе.

Денес, буквално морав да ги задржам солзите додека усните ми трепереа под заштитната маска (мило ми е што ја носев) кога некој ме праша:„Кога ќе имате деца? Твоите сестри постојано раѓаат... кога ќе дојде твојот ред?“.

Се замрзнав и проговорив: „Уф, кога ќе дојде време...“

Како што можете да видите... за некои, тоа е само обично прашање кое им го поставувате на пријателите и на роднините. Но, за други, е многу повеќе.

Тоа е чувство на болка, на фрустрација, на страв, на анксиозност.

Искрено, најголем дел од луѓето се чувствуваат неудобно кога ќе им биде поставено тоа прашање.

Има многу причини зошто тие сè уште не се бремени.

Дали сте знаеле дека една од четири бремености завршува со спонтан абортус? Болно е кога некој ќе рече: „Кога ќе има бебе во стомакот?“. Имаше, но сега се во Рајот.

Сте знаеле ли дека една од осум двојки се борат со неплодност? Замислете месец по месец да се обидувате да забремените и некој да ве праша кога бебе.

Сте помислиле ли дека можеби сè уште не е дојдено нивното време? Можеби тие очајно сакаат бебиња, но знаат дека тајмингот би бил подобар за една или две години.

Знаете ли дека некои жени не сакаат да имаат бебиња? И ТОА Е ОК! Но, колку неудобно би им било во ваква ситуација?

Па, како некој кој имал искуство со спонтан абортус и се бори со неплодност... ВЕ МОЛАМ, престанете да го поставувате тоа проклето прашање!

Ако сте загрижени кога и дали вашата пријателка или роднина ќе основа семејство, едноставно мислете на неа. Ако сте личност која е моли, помолете се!

Можеби само тоа ѝ е потребно.

Еден месец по објавувањето на текстот, Деван сподели дека е бремена со своето прво дете. Нејзиниот син Ашер се роди во мај годинава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.