Почетна » Новости » Занимливости » Препораки од EUCERIN за заштита од сонце, за целото семејство

Препораки од EUCERIN за заштита од сонце, за целото семејство

Сите ние со нетрпение го чекаме летниот одмор и одењето на плажа. Спомените од летувањата со родителите и со пријателите се врежани во нашето сеќавање и мамат насмевка секогаш кога ќе се подсетиме на нив. За насмевките да останат на нашите лица, потребно е да ја заштитиме нашата кожа од интензивното сонце, бидејќи и таа памти што ѝ се случува.

Кои се основни препораките за заштита од сонце?

За сите возрасти: потребна е истовремена заштита и од УВА и од УВБ зраците. Ако оваа заштита од сонце ја засилиме и со биолошка заштита – тогаш имаме максимална фотопротекција! Биолошката заштита од сонце ја заштитува кожата и генетскиот материјал и во нејзините најдлабоки слоеви и ги зајакнува нејзините репаративни механизми. Истражувањата покажуваат дека постои врска помеѓу изложеностa на УВ зраци и предвременото стареење на кожата, дури и до 80%.

Eucerin

Бебињата до 6 месечна возраст воопшто не треба да бидат изложувани на силна сончева светлина. Максимална претпазливост со дечињата до 3-годишна возраст, заштитете ги со лесна облека, капа, детски очила за сонце и доволен внес на течности. Пред излегување на сонце намачкајте доволна количина од соодветното средство за заштита од сонце и редовно повторно нанесувајте. За дечињата до 1 година се препорачува заштита од сонце со производи кои содржат само минерални филтри.

Eucerin Eucerin

Млади и возрасни: нанесувајте доволно и редовно од средството за заштита од сонце и избегнувајте го интензивното пладневно сонце! Заштитете ја кожата од интензивното сонце со соодветна облека, капа и очила за сонце. Пијте доволно течности.

Eucerin Eucerin

Алергиите на сонце сѐ почесто се јавуваат. Луѓето со ваков проблем треба да се придржуваат до претходно наведените совети и да користат соодветно средство за заштита од сонце кое истовремено штити од сонце и спречува појава на знаци на алергија на сонце (пецкање, печење, црвенило, јадеж на кожата).

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.