Секоја бременост е уникатна и различна, како што е различен и изгледот на новите мајки.
Шонтел Данкан, фитнес зависничката која се прослави со тонираниот стомак во текот на бременоста, ја пресоздаде својата вирална фотографија на која си го споредува трудничкиот стомак со оној на пријателка за да покаже дека луѓето не треба да им судат на трудниците и мајките врз основа на изгледот.
На фотографијата објавена во ноември минатата година, 27-годишната мајка позира покрај пријателката Нет која е 4 недели понапред од неа во бременоста. „Ова е третата бременост на Нет. Таа треба да се породи на почетокот од март, а јас на крајот од март“ – објасни во описот Шонтел која на сликата е во 18. недела од бременоста.
„Секоја жена го носи своето бебе различно и тоа не значи дека едната прави нешто различно или дека не е здрава. И двете носиме здрави бебиња и двете имаме неверојатни бремености досега, се чувствуваме одлично и сме полни со енергија“ – додаде таа.

На новата слика, Шонтел и Нет ги држат в раце своите бебиња. „Имавме две здрави и неверојатни бремености, а сега две здрави момчиња“ – пишува таа.


Шонтел, која вежбаше во текот на цела бременост, се породи со царски рез на 25 март, а првата фотографија од своето тело ја објави 5 дена подоцна.



