Шонтел Данкан е фитнес модел кој привлече огромно внимание на социјалните мрежи поради тонираниот труднички стомак во последните недели од бременоста.
27-годишната фитнес обожавателка, која добиваше критики поради напорните тренинзи кои ги практикуваше до крајот на својата бременост, роди здраво момче тешко 3,5 килограми.
Среќната мајка сподели фотографии на Instagram од своето синче кое го доби името Џеремаја Томас.

„Здраво среќно машко бебе, апсолутно сè е во ред со него од здравствен аспект. Тој го шокира персоналот со своите раце и силен врат“ – напиша Шонтел во описот на првата фотографија од својот син.



Иако добиваше критики од типот „твоето бебе ќе биде мало“ или „тоа што го правиш не е безбедно за бебето“, Данкан продолжи да тренира тајландски бокс до 39. недела од бременоста и објавуваше кратки видеа на Instagram.
Шонтел изјави дека цели да ги охрабри жените да зачнуваат без страв дека бременоста ќе влијае негативно на нивниот изглед. Таа има 395.000 следбеници на Instagram.



