Почетна » Новости » Занимливости » Прва трансплантација на матка од мајка на ќерка направена во Шведска

Прва трансплантација на матка од мајка на ќерка направена во Шведска

Две жени се надеваат дека ќе добијат дете, благодарение на матките на своите мајки. Во Шведска за првпат беше направена трансплантација на матка од мајките на нивните ќерки.

Трансплантација на матка

Специјалисти од Универзитетот Гетеборг објавија дека операциите биле направени за време на викендот и дека поминале без компликации, но дека не би ги нарекле успешни сè додека двете жени не родат здрави деца. Во операцијата учествувале повеќе од 10 хирурзи кои неколку години тренирале заедно.

„Нема да ги наречеме целосно успешни сè додека ова не резултира со деца. Тоа е најдобриот доказ“ – изјавил Мајкл Олаусон, еден од шведските хирурзи.

Не е откриен идентитетот на двете жени кои добиле матки, но тие ќе треба да почекаат една година пред да се обидат да зачнат. Двете жени со новите матки можат да родат максимум по две бебиња.

Една од нив ја изгубила матката поради рак на грлото на матката, а другата била родена без матка. Двете жени се наоѓаат во 30-тите години од животот.

Минатата година турски доктори ја направија првата трансплантација на матка од починат донор на млада жена. Иако таа се опоравила без проблеми, сè уште не е јасно дали се обидела да забремени.

Првата трансплантација на матка од жив донор била направена во Саудиска Арабија, но три месеци подоцна докторите биле принудени да ја отстранат матката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.