Почетна » Новости » Занимливости » Потонете во магијата на пишаниот збор: Денес е Светскиот ден на книгата

Потонете во магијата на пишаниот збор: Денес е Светскиот ден на книгата

Сместете се во најудобното катче од вашиот дом, земете добра книга, дозволете им на пишаните зборови да ви ги диктираат мислите и емоциите и прославете го Светскиот ден на книгата!

Книги

Под покровителство на УНЕСКО, од 1995 година наваму, овој празник се слави на 23 април. Датумот има цел да ги промовира книгите, да ги поттикне издавачите и да укаже на заштитата на авторското право.

23 април (Денот на розите) е неслучајно одбран како датум уште во далечната 1923 година во Шпанија, кога продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес. Идејата поттикнала разменување книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за Празникот на розите.

Во 1995 година, УНЕСКО се решава да го официјализира датумот како Светски ден на книгите, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, токму на истиот овој датум.

15 инспиративни цитати за книгите

„На умот му се потребни книги како што на мечот му е потребно точило, за да ја зачува својата острина.“
Џорџ Р. Р. Мартин

„Добри пријатели, добри книги и заспана совест – тоа е идеалниот живот.“
Марк Твен

Книги

„Книгата е сон кој го држите во рацете.“
Нил Гејман

„Книгата е алатка која ја распалува фантазијата.“
Ален Бенет

„Куќа без книги е како соба без прозорци.“
Хајнрих Ман

Книги

„Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во неа.“
Мигел де Сервантес

„Доаѓа време кога треба да се одлучиш – дали ќе ја свртиш страницата или ќе ја затвориш книгата.“
Џош Џејмисон

„Продолжете да читате книги, но не заборавајте; книгата е само книга. Треба да научите да оформувате свое мислење.“
Максим Горки

„Можеби не постојат подобро исполнети денови од нашето детство, од оние поминати со омилената книга.“
Марсел Пруст

„Ги делам сите читачи во две групи: оние кои читаат за да запаметат и оние кои читаат за да заборават.“
Вилијам Фелпс

„Има и полоши злосторства од спалување книги. Едно од нив е истите да не се прочитаат.“
Јосиф Бродски

„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“
Хенри Милер

„Не постои полојален пријател од книга.“
Ернест Хемингвеј

Книги

„Читањето ни носи непознати пријатели.“
Оноре де Балзак

„Помислата дека имате добра книга за читање пред да одите в кревет, се вбројува помеѓу највозбудливите задоволства.“
Владимир Набоков

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.