Почетна » Новости » Занимливости » Поранешна бодибилдерка гордо ги покажува облините и тврди дека е посреќна откако се здебели

Поранешна бодибилдерка гордо ги покажува облините и тврди дека е посреќна откако се здебели

Постојано се среќаваме со примери за девојки со облини кои драстично ослабеле и станале фит. Трансформацијата на Џолин Никол Џонс е сосем спротивна.

Позитивната девојка од Монтана, САД, сподели фотографии од својата екстремна трансформација. Левата фотографија е направена пред две години, кога 26-годишна Американка била фитнес зависничка и бодибилдерка, а десната фотографија е од пред неколку недели кога таа уживала во храна и пиво со пријателите.

Џолин

Џолин тврди дека сега е посреќна отсекогаш, ужива во социјалниот живот и не се опседнува со внесување протеини и напорни тренинзи. Прочитајте ја нејзината порака:

Од бодибилдер до љубител на телото. Ова не е типична фотографија за трансформација. Јас преминав од тоа да сум контролирана од исцрпувачкиот фитнес режим, мерење на пилешкото месо кое го консумирам и носењето на протеински шејкови во мојата чанта, кон тоа потполно да уживам во социјалниот живот.

Некои луѓе може да речат дека се запоставив, но не можеш да ставаш цена на среќата. Јас го нарекувам ова пронаоѓање на себеси и сфаќање дека можам да имам повеќе од една страст во животот, без разлика дали е планинарење во Глејшер парк или уживање во пивото со пријателите.

Плочките на стомакот не ме правеа среќна. Никогаш не бев доволно добра и секогаш требаше да се подобрувам. Денес отидов на рафтинг со пријателите и уживав во храна пред која старата јас би се лигавела и не би се осмелила да ја допре. Вашето тело е БУКВАЛНО единственото нешто кое ве води низ овој живот, вашата вредност и радост не се определени од тежината која можете да ја подигнете или што покажува вашата вага. Мојата вредност е определена од луѓето со кои се опкружувам и насмевката на моето лице.

Џолин Џолин Џолин ЏолинЏолин пред трансформацијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.