Почетна » Новости » Занимливости » Позитивно видео: Посвоени мали дечиња повторно се среќаваат откако биле разделени во сиропиталиште

Позитивно видео: Посвоени мали дечиња повторно се среќаваат откако биле разделени во сиропиталиште

Средбата на две посвоени дечиња, кои биле разделени во сиропиталиште по посвојувањето на едно од нив, ќе ви го стопли срцето.

Видео

4-годишната Хана и 3-годишниот Даусон биле неразделни пријатели во сиропиталиште во Кина, но откако Хана била посвоена од семејство од САД, нивното другарување било прекинато. За среќа, Шерон, жената која ја посвоила Хана, веќе ја имала забележано нивната посебна врска и откако се вратила во Америка, започнала потрага по семејство кое би го посвоило Даусон.

Хана и Даусон Хана и Даусон

„Кога го напуштавме сиропиталиштето и видов како се однесуваат еден спрема друг, си помислив: Боже. Не можам да го оставам ова момче во Кина“ – рекла Шерон, чиј апел за посвојување на Даусон брзо наишол на позитивен одѕив и тој бил посвоен.

Видеото од средбата на аеродром меѓу двете дечиња доволно зборува за нивното пријателство. „Се гушнаа околу 400 пати. Продолжуваа да се гушкаат додека не станеа толку зашеметени што паѓаа“ – рече Ејми, жената која го посвои Даусон.

Хана и ДаусонСемејствата кои ги посвоија дечињата

Двете мајки го споделија видеото со цел да поттикнат и други лица да посвојат дете од сиропиталиште. „Ова е прекрасна опција за семејствата и се надевам дека ќе ја земат предвид. Мислевме дека правиме нешто добро за овие деца, но на крајот ние бевме тие кои беа благословени. Нашите животи станаа толку богати“ – вели Шерон.

Хана и ДаусонДаусон со новото семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11263 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.