Почетна » Новости » Занимливости » Пожарникар ѝ помогна на ќерка си да се породи во станицата зашто не можеа да стигнат до болница

Пожарникар ѝ помогна на ќерка си да се породи во станицата зашто не можеа да стигнат до болница

Пожарникар од Џорџија помогнал да се роди неговото прво внуче. Тој ѝ асистирал на својата ќерка при породувањето, бидејќи таа немало да успее да стигне до болница.

Бред и Хана

Имено, Брет Ленгстон се наоѓал на работното место ноќта кога неговата ќерка Хана започнала да ги чувствува породилните контракции.

Бидејќи ова е нејзино прво дете, Хана мислела дека има време додека да се роди бебенцето, па одлучила да почека до утрото. Но, погрешила.

Таа и нејзиниот партнер биле на половина пат до болницата кога сфатила дека нема да издржи до породилната сала. Тогаш, се сетиле дека пожарникарската станица на нејзиниот татко е најблиску, па се упатиле натаму.

Само што пристигнале, таткото го исчистил креветот во неговата соба, поставил најлонски вреќи и чаршаф за Хана да може да легне и да се чувствува удобно.

Бебенцето Адалин се родило само 10 минути по нивното пристигнување во станицата.

Бред и Хана Бред и Хана

За среќа, сè поминало во ред и бебенцето и мајката се во добра здравствена состојба.

Ова не е првпат Брет да се соочи со ваква ситуација. Тој ја работи оваа професија повеќе од 28 години и досега имал помогнато да се родат десетина деца.

Покрај Хана, Брет и неговата сопруга имаат уште пет деца.

Бред и Хана Бред и Хана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.