Почетна » Новости » Занимливости » По борба со неплодност и 2 спонтани абортуси: Пар со фотографија со шприцови објави дека ќе добие бебе со инвитро

По борба со неплодност и 2 спонтани абортуси: Пар со фотографија со шприцови објави дека ќе добие бебе со инвитро

Аби МекГваер и нејзиниот сопруг конечно ја имаат најсреќната вест во нивните животи. По години борба со неплодност, брачната двојка од Индијана ќе добие бебенце со помош на инвитро.

Среќната трудница ја сподели веста за бременоста со фотографија со шприцови од сите инјекции кои требало да ги прими за да забремени.

Нивната ќеркичка треба да се роди во декември.

Вест за бременост

Патувањето. Ја зачував секоја игла, медицински документ, шишенце од лекарства, тестови за бременост, снимка од ултразвук... бидејќи сакав да можам да погледнам назад и да се потсетам како започна нашето семејство, вклучувајќи ги сите болки и модринки. Модерната медицина е прекрасно нешто, но Бог е уште поголем!

Неплодноста сега е поголема отсекогаш. Еве ја нашата приказна во кратки црти...

1 година обиди за природно зачнување

3,5 години со лекарства

3 доктори за оплодување

4 неуспешни обиди за интраутерина инсеминација

1 пункција

26 извлечени јајце клетки

6 ембриони

2 спонтани абортуси

1 етопична бременост

1 операција за отстранување на циста на јајник од ендометриоза

стотици инјекции и таблети

илјадници молитви

трансферирани двата ембриони кои останаа

1 се задржа, нашето девојче

1 голем систем на поддршка

и за крај еден голем Бог кој ни ги исполни соништата.

Ако вие се наоѓате во таква ситуација, јас сум со вас, се молам за вас! Им благодарам на сите роднини и пријатели кои константно се молеа со нас!

„Очекуваме бебе! Не ми се верува дека ги кажувам овие зборови по години борба за зачнување и неколку спонтани абортуси. Возбудени сме што ќе му посакаме добредојде на нашето девојче овој декември“ – стои во описот на фотографиите на Аби од забавата за откривањето на полот на бебенцето.

Вест за бременост

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.