Почетна » Новости » Занимливости » Пилула што ја подмладува кожата

Пилула што ја подмладува кожата

Жена што пие апчеNestlé и L'Oréal веруваат дека создале пилула што подмладува.

Кога станува збор за брчките, експертите советуваат да се дејствува според правилото „подобро е да се спречи, отколку да се лечи“. Но, сега научниците дојдоа до ново откритие кое можеби ќе нè спаси од кошмарот наречен брчки.

Станува збор за пилулите Innéov Fermeté, кои се создадени со партнерство помеѓу двата гиганти Nestlé и L'Oréal. Научниците веруваат дека со пиење на една пилула дневно може драстично да се подмлади изгледот на кожата.

Овие магични пилули се развиени на база на ликопенот, кој го има во изобилство во доматите. Научниците го модифицирале ликопенот во форма која подобро се апсорбира од клетките и го комбинирале со одредена форма на витамин Ц и изофлавони (присутни во сојата).

И трите состојки се моќни антиоксиданси и поради тоа се верува дека го заштитуваат ткивото од оштетувања.

Дејството на пилулата било тестирано врз 90 жени на возраст од 51-69 години и 70 жени со средна возраст од 45 години. Половина од учесничките во истражувањето пиеле Innéov Fermeté, а другата половина пиеле „пласибо“ апче. По шест месеци, кај жените кои пиеле од вистинската „магична“ пилула степенот на еластичност на кожата се зголемил за 8,7%.

Единствениот недостаток на овие пилули засега е цената. Десетдневната употреба ќе ве чини 25 фунти, а резултатите може да се појават дури по 3 месеци.

Инаку, пилулите за подмладување веќе се продаваат во некои делови на Европа и Јужна Америка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10623 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.