Почетна » Новости » Занимливости » Пее за двајца: Трудница во деветтиот месец од бременоста ги одушеви сите со изведбата на „Die With а Smile“ на AGT

Пее за двајца: Трудница во деветтиот месец од бременоста ги одушеви сите со изведбата на „Die With а Smile“ на AGT

Џесика Санчез ги освои срцата на публиката на America’s Got Talent, настапувајќи во деветтиот месец од бременоста.

Талентираната 30-годишна пејачка докажа дека талентот и страста немаат граници, смело пеејќи на сцената само денови пред да му посака добредојде на овој свет на својата ќеркичка. Во финалињата, Џесика настапи со „Die With a Smile“, додека во полуфиналето одушевуваше со „Golden Hour“.

Џесика Санчез Џесика Санчез

Џесика несомнено пееше за двајца со глас полн со живот, љубов и енергија. Публиката и жирито станаа на нозе по настапот, наградувајќи ја со громогласен аплауз.

Џесика Санчез Џесика Санчез Џесика Санчез Џесика Санчез Џесика Санчез

„Го правам ова за да ѝ покажам на мојата ќеркичка дека без разлика колку години се потребни, никогаш не треба да престанеш да сонуваш.“

„Постојано му велам на бебето, те молам остани внатре уште една недела. Благословена сум и благодарна“ – изјави Џесика која се натпреварува по вторпат во ова музичко шоу.

Џесика Санчез Џесика Санчез

Настапот стана вирален хит на социјалните мрежи и поттикна илјадници пораки со поддршка од обожаватели ширум светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29974 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.