Почетна » Новости » Занимливости » Педијатрите советуваат: Читајте им на децата секој ден

Педијатрите советуваат: Читајте им на децата секој ден

Читањето не е само забавен начин да поминете квалитетно време со своето дете, туку за него е и скапоцен дар, кој ќе му помогне во иднина да стане поуспешна личност.

Американската академија на педијатри (ААП) ги повика педијатрите да ги советуваат родителите да им читаат на своите деца, напомнувајќи им за многуте придобивки од пишаниот збор.

Книгите се како лек и педијатрите треба да го препишуваат за секојдневна употреба со цел да се развие мозокот на нивните најмлади пациенти. Според ААП, на децата треба да им се чита наглас секој ден, уште од моментот на раѓање.

Мајка и ќерка

„Читањето книги со малите деца е весел начин за создавање на силни и здрави врски родител-дете и стимулирање на раниот развој на јазикот“ – изјавила Памела Хај, педијатар и професор.

Од приказните пред спиење придобивки имаат дури и најмалите, бидејќи читањето помага во создавањето на нивниот вокабулар и комуникациските вештини кои се клучни за успешно справување со школските задачи во иднина.

Д-р Хај им препорачува на родителите:

  1. Да читаат заедно со децата;
  2. Да римуваат, да играат, да се прегрнуваат, да зборуваат и да пеат заедно во текот на денот;
  3. Да воведат рутини и да посочат точно определено време за оброци, играње и спиење;
  4. Да ги наградуваат децата за нивните напори и успеси, со цел да им ја зголемат самодовербата;
  5. Да градат нераскинливи врски кои се реципрочни и во чија основа стои воспитување и грижа.

ААП постојано ги поттикнува педијатрите да им укажуваат на родителите и за потребата од доење и имунизација, како и за тоа дека треба да ги држат децата подалеку од екраните до 2-годишна возраст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.