Почетна » Новости » Занимливости » Парфем со мирис на пари

Парфем со мирис на пари

Инспириран од јапонско истражување кое покажало дека мирисот на пари ја зголемува ефикасноста на вработените, Патрик МекКарти решил да создаде парфем со мирис на пари.

Парфемот „Money“ го има и во машка и во женска верзија, т.е. „His Money“ и „Her Money“.

Парфемите „Money“„His Money“ и „Her Money“

На сајтот на парфемот, His Money е опишан со зборовите „мажествен, смел, незаборавен“ и освен мирис на нови пари, содржи и комбинација од арома на океанско ветре, цитрус и рузмарин. Her Money е опишан како „храбар, нежен, незаборавен“ и освен мирис на банкноти, има и арома на грејпфрут, мандарини и фрезија.

Од компанијата што стои зад овој парфем велат дека тој може да им помогне на луѓето да постигнат успех на работното место. „Нанесете го на кожата за да креирате ваш личен мирис на успехот“ – порачуваат тие.

Ако сакате да мирисате на пари, треба да платите 35 долари за едно шишенце парфем, а кога ќе го отворите, ќе видите дека кутијата од парфемот е исполнета со исечени долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.