Почетна » Новости » Занимливости » Отворен ултра модерен Телеком салон во Skopje City Mall

Отворен ултра модерен Телеком салон во Skopje City Mall

Со отворањето на најголемиот трговски центaр кај нас, Skopje City Mall, денес Т брендот го промовираше новиот продажен салон, кој е единствен од овој тип во регионот, а трет по ред во рамки на целата Дојче Телеком групација. Салони од ваков тип досега беа отворени единствено во Унгарија, а по Македонија следуваат Холандија, Германија и Хрватска.

Телеком продажен салонМакедонија е втора земја во Европа која може да се пофали со ултра модерниот и комплетно интерактивен Телеком салон Телеком продажен салонВо салонот е вградена најмодерна технологија

Денес ги отворивме вратите на локација која ни ја приближува иднината на технологијата и ја прави достапна за сите посетители. Овој продажен салон ни носи динамичност и единствено мултимедијално искуство, но во исто време ни нуди комфор и решенија адаптирани за наше секојдневно функционирање. Во салонот е вградена најмодерна технологија која нè носи чекор напред во еволуцијата на мобилните податочни услуги. Целта на оваа наша инвестиција е на секој посетител да му овозможиме со себе да понесе модерно и футуристичко доживување, да бидеме единствени со понудата и со најдобри кориснички сценарија“ – изјави Огнен Фирфов, Раководен директор за продажба.

Телеком продажен салонНовиот продажен салон на Т брендот е единствен од ваков тип во регионот

Телеком продажниот салон е исполнет со моќни технолошки уреди и алатки – место каде можат да се доживеат од прва рака последните телекомуникациски решенија. Просторот му овозможува на секој посетител на побрз и поедноставен начин да се запознае со MaxTV пакетите и различните ТВ апликации, да дознае кои се придобивките од оптиката како најнапредна технологија, да ги проба најмодерните мобилни телефони и таблети, како и сите услуги и продукти на Т-Home и T-Mobilе. Дополнително, ултра модерниот и футуристички дизајн нуди интерактивно истражување и забава за секој посетител.

Новоуредената продажна локација на Т-Мобиле и Македонски Телеком во Skopje City Mall е резултат на заложбата за постојано подобрување на Телеком продажните салони согласно современите потреби и барања на корисниците.

Телеком продажен салон Телеком продажен салон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11171 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.