Почетна » Новости » Занимливости » Ослабела 64 килограми за да ја носи својата венчаница од соништата

Ослабела 64 килограми за да ја носи својата венчаница од соништата

Свадбата е еден од најважните денови во животот на секој човек и разбирливо е зошто жените сакаат да изгледаат најубаво што може. И Бет Вилер не била исклучок, само што таа си поставила огромен свадбен предизвик: да ослаби 64 килограми до свадбениот ден.

Кога нејзиниот свршеник Џејмс ја побарал за жена, таа тежела 140 килограми, но неговиот предлог за брак ја мотивирал да започне да слабее.

Бет Вилер Бет Вилер

Бет започнала да држи диета, а за да биде поупорна, си купила невестински фустан кој бил 18 конфекциски броја помал од нејзината вообичаена облека. За да успее да влезе во него, таа требало да ослаби 64 килограми.

36-годишната Британка започнала со диетата во април 2009 година, во октомври истата година си ја купила венчаницата, а во февруари оваа година ја постигнала својата цел.

Само четири дена откако вагата покажала 76 килограми, Бет зачекорила кон олтарот облечена во својот фустан од соништата.

Бет и ЏејмсБет и Џејмс

„Тоа што го носев тој фустан ми беше како вистинско постигнување, бидејќи знам низ што поминав. Џејмс ме поддржуваше и е многу горд на мене. Започнав да слабеам пред нашата свршувачка, но тоа ми беше вистинска мотивација. Сите што се обиделе да слабеат знаат дека можеш да го правиш тоа неколку седмици, но потоа лесно е да се откажеш. Па, тоа што имав цел ми помогна да останам фокусирана“ – изјавила Бет.

Нејзиниот сопруг на свадбениот ден дури и се пошегувал со големото слабеење на Бет изјавувајќи: „Кога стапуваш во брак често добиваш повеќе отколку што си очекувал. Јас добивам помалку“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.