Почетна » Новости » Занимливости » Опсипете ги децата со љубов, тие се иднината: Денес е Светскиот ден на детето

Опсипете ги децата со љубов, тие се иднината: Денес е Светскиот ден на детето

Посветете му квалитетно време на вашето дете, играјте ја заедно неговата омилена игра, опсипете го со бакнежи, силно прегрнете го и излејте ја целата љубов од вашето срце врз него за да знае колку многу е сакано.

Денес се слави Светскиот ден на детето.

Дете

Пандемијата значително ги прекрши детските права, им го одзеде задоволството да се дружат со другарчињата, ги спречи безгрижно да трчаат правејќи џагор околу себе, ги натера најмалите да носат маски во школските клупи и им го ограничи движењето... Но, пандемијата не може да им ја одземе родителската љубов, семејните моменти и правото на топол и среќен дом.

Ајде да се обединиме и да им покажеме не само денес, туку и секој нареден ден, дека тие се наше богатство и наша иднина. Ајде да го направиме светот поубаво место за нив.

Дете Дете

Светскиот ден на децата се одбележува од 1954 година, а датумот 20 ноември бил избран од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Целта е да се промовираат идеи кои ќе ја зголемат благосостојбата на децата, особено во регионите погодени од сиромаштија, вооружени конфликти и дискриминација.

Датумот се совпаѓа со носењето на Декларацијата за правата на детето. Во Декларацијата се вели дека секое дете има право на живот, здравје, образование и игра, како и право на семеен живот, заштита од насилство и дискриминација и право на свое мислење.

Обединетите нации ги повикуваат младите лица на возраст од 13 до 24 години да насликаат нивна интерпретација на светот кој сакаат да го создадат по КОВИД-19 и да ги објават своите цртежи на предизвикот со илустрации под хаштаг #voicesofyouth.

„Нашата иднина зависи од младите луѓе. Додека се соочуваме со КОВИД-19, што ќе напрвите за да осмислите подобар свет за секое дете?“ – пишува во описот на видеото на УНИЦЕФ, „Masked Not Muted“.

Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете Дете

„Децата и младите луѓе мора да бидат вклучени во одлуките кои влијаат на нивната иднина, од долготрајните последици од КОВИД-19 до климатската криза. Возрасните мора да слушаат и да работат заедно со нив за создавање подобра иднина“ – вели Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Дете

На Светскиот ден на детето, младите во Македонија имаа владин состанок на високо ниво на кој се осврнаа на едно од најважните прашања: како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по КОВИД-19. Погледнете го видеото од состанокот:

Објекти и знаменитости низ целиот свет денес ќе светнат во сино за да го одбележат денот на најмалите, кои го прават светот поубав и влеваат оптимизам дури и во најмрачните периоди.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.