Почетна » Новости » Занимливости » Одлична идеја: Мајка со двете деца ги запишуваат сите желби и ги чуваат во тегла за да ги остварат кога ќе заврши кризата со вирусот

Одлична идеја: Мајка со двете деца ги запишуваат сите желби и ги чуваат во тегла за да ги остварат кога ќе заврши кризата со вирусот

Мајка сподели идеја која можеби и вие ќе сакате да ја пробате со вашите деца.

Секојпат кога Кети Еборал и нејзините две деца ќе посакаат нешто што не можат да го добијат поради изолацијата, тие запишуваат на ливче и го ставаат во тегла. Таа тегла ќе биде нивна листа со нешта што ќе ги направат кога ќе заврши карантинот.

Деца Деца

Денес, започнавме нешто ново во нашиот дом и го споделувам во случај некој друг да сака да го проба.

Секојпат кога ќе посакаме да можевме да направиме нешто, да одиме некаде, да се почестиме себеси, да видиме некој кој го сакаме, да посетиме ново место, да поканиме луѓе да нè посетат, ние ќе го запишуваме тоа на ливче и ќе го ставаме во тегла.

Кога сето ова ќе заврши, ова ќе биде наша листа и кога ќе ја прегледуваме теглата, ќе бидеме поблагодарни отсекогаш за малите и убави нешта во нашите животи.

Дотогаш, ќе уживаме гледајќи како теглата се полни со магични нешта кои со нетрпение ги очекуваме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.