Почетна » Новости » Занимливости » Од болница до „Северниот пол“: Магично празнично изненадување за 43 болни дечиња

Од болница до „Северниот пол“: Магично празнично изненадување за 43 болни дечиња

Магијата на празниците не ги одмина малите херои кои секојдневно се борат со најтешките болести. 43 деца од Атланта ги напуштија депресивните болнички простории и тргнаа на патување кое никогаш нема да го заборават – до „Северниот пол“.

Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак

Авионската компанија Delta Airlines беше иницијаторот на патувањето за малите пациенти болни од рак од болница во Атланта. Со помош на медицински лица, родители-ентузијасти и бујна фантазија, децата зачекорија на вештачки создаден Северен пол непосредно пред Нова година.

Четириесет и три животи погодени од различни видови рак беа разубавени од добродушноста на волонтери. За да ја постигнат зацртаната цел и да симулираат авионски лет, пилотите ги возеле децата 45 минути низ пистата за потоа да ги слезат во просторија со новогодишни украси, снег, џуџиња и се разбира најомилениот старец, Дедо Мраз.

Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак

„Нашите пациенти кои се борат со рак минуваат многу време на болница во текот на празниците. Многу е важно тие да имаат можности да уживаат во магијата на празниците. Специјалните доживувања како ова им овозможуваат позитивно одвлекување на вниманието за време на нивното лекување“ – рекол директорот на Центарот.

Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак Деца болни од рак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11311 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.