Почетна » Новости » Занимливости » „Ова не е телото во кое ти се заљуби“: Вака маж ѝ одговори на сопругата загрижена за изгледот по раѓањето на двете деца

„Ова не е телото во кое ти се заљуби“: Вака маж ѝ одговори на сопругата загрижена за изгледот по раѓањето на двете деца

Бременоста ја менува секоја жена, како внатрешно, така и надворешно.

Блогерката Лаура Маза, која е мајка на две деца, на Facebook сподели разговор со својот сопруг за нејзиното тело кое драстично се променило по двете бремености.

Одговорот на грижливиот сопруг згреа илјадници срца ширум светот.

Мајка и дете

„Ова не е телото во кое ти се заљуби“ – му реков.

Телото во кое тој се заљуби беше тонирано, имаше мускули, немаше стрии на стомакот, ниту на градите.

Телото во кое тој се заљуби го собираше во тесни фармерки, можеше да влезе во бутик за да грабне облека со која било големина и да си замине, знаејќи дека ќе биде точна.

Ова тело сега не може да пазарува во тие бутици и најчесто носи хеланки. Неговото тело остана исто, но моето се промени на секаков можен начин. Не е фер...

Стоев пред него, изморена и скршена, со солзи во очите „ова не е телото во кое ти се заљуби“ - му реков. И тој ми рече: „Во право си, не е телото во кое се заљубив. Наместо тоа, ова е телото кое ги порасна нашите деца, кое ги хранеше, им даваше комфорт, создаде живот. Во твоето тело се вљубувам секој ден. Не знаев што е љубов сè додека не го видов ова тело и не дознав што сè може да направи. Па, ти благодарам“.

Не се срамете од тоа што го имате, или како изгледа вашето мајчинско тело. Има време да се откажете од тортата во иднина. Засега, уживајте во моментите кои ги имате и уживајте во фактот дека создадовте нешто кое вреди за сите стрии и секоја вдлабнатинка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.