Почетна » Новости » Занимливости » „Ова е мојата коса од бебе“: Преслатката Мила ја донираше косата за болни деца

„Ова е мојата коса од бебе“: Преслатката Мила ја донираше косата за болни деца

Преслатко девојче ја донираше својата коса за деца болни од рак и сними неодоливо видео.

Убавицата Мила Лазареска ја растела косата од бебе, а сега нејзиното коњско опавче ќе придонесе за усреќување на некое болно другарче. Мила ја донираше косата на невладината организација САНО, која неодамна започна акција за да им помогне на дечиња болни од рак, под мотото „Донирај ја својата коса и стани нечиј херој“.

„Оваа убавица се вика Мила Лазареска. Нејзината коса што ја чувала уште од кога била бебе, ја скрати само за да ја донира за другарчињата во болница. Браво Мила“ – пишуваат тие за Мила.

„Ова е мојата коса, од бебе. Сега ја исшишав и ќе ја дадам на деца што се болни и што немаат коса. А на мене пак ќе ми порасни“ – вели малата убавица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.