Почетна » Новости » Занимливости » Нутриционист д-р Татјана Гуржанова: Факти за витамините

Нутриционист д-р Татјана Гуржанова: Факти за витамините

Витамин Ц

Витаминот Ц има важна улога во оксидо-редуктивните процеси, важни за одвивање на сите витални процеси во организмот. Ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции, токсини и други штетни бактерии од околната средина. Затоа има превентивна улога во заштита од вирусни заболувања.

Тој е силен антиоксиданс и неопходен во активноста на многу ензими во нашето тело. Ја стимулира синтезата на стероидните хормони, од сржта на надбубрежната жлезда, како редуктивен агент индиректно ги активира ензимите кои учествуваат во метаболизмот на мастите и поради тоа е силен помагач при диетите за редукција на масните наслаги.

Витаминот Ц има многу важна улога во формирањето на колагенот – протеин кој ги обновува сврзните ткива во целиот организам и со тоа влијае на изгледот и убавината на кожата, основен протеин кој го одржува здравјето и младоста на зглобовите, како и квалитетот на забите.

Со редовно дневно внесување на овој хидросолубилен витамин, се превенира појавата на брчки и флеки на кожата, т.е. има голема фотопротективна потенција.

Препорачаната дневна доза за просечно возрасна особа е 80mg.

Девојка со овошје

Покрај добро комбинираната исхрана богата со најразновидно овошје и зеленчук, дел од потребната дневна доза за здрав и младешки изглед се задоволува и со чаша сок од 100% овошје кое содржи витамин Ц и нема додаток на шеќери.

Цитрусните овошја (портокал, лимон, грејпфрут) како и тропските овошја киви, манго, ананас изобилуваат со витамин Ц. Од тие причини 100% овошни сокови од портокал и ананас се идеална поткрепа на организмот за свежина во текот на целиот ден.

Витамин Д

Овој витамин има регулаторна улога, примарно во регулирање на нивото на калциум во крвта, но исто така е многу важен во регулирање на клеточната диференцијација и раст. Истражувањата покажуваат дека витаминот Д може да има протективна улога против колоректалниот канцер, исто така, повеќе истражувања одат во правец на третирање на други состојби на абнормален раст на клетките како псоријаза, канцер на бели дробови, на грло на матка итн. Недостатокот од овој витамин доведува до зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, мултипла склероза, реуматоиден артиритис и диабетес тип 1.

Доколку на кожата се појават црвени или бели промени, слични на акните, а кои најчесто се појавуваат на лицето и рацете, тоа се симптоми на недостаток токму на витаминот Д.

Потребите за витаминот Д се зголемуваат со стареењето и дневните потреби за адекватен внес изнесуваат 40 ИЕ/микрогр т.е., просечно за лица под 50 години 200 ИЕ дневно, за лица над 50 години дупло се зголемува препорачаната доза за адекватен внес.

Витамин Б

Витаминот Б е познат по својата регулаторна функција во метаболизмот на јаглените хидрати. При недостиг на витамин Б јаглените хидрати не се трансформираат до крајните продукти ,

Недостаток на овој витамин предизвикува главоболки, смалена работна способност,(физички и умствен замор)раздразливост, пад на концентрацијата.

Соковите кои содржат витамин Б се идеални за косата. Со редовно консумирање на овој витамин, косата добива сјај, влакното се зацврстува и станува погуста.

За оние кои многу вежбаат, се препорачуваат сокови од овошја кои содржат голема количина на Б витаминот.

Различните истражувања пронаоѓаат нови и нови функции на витамините Б. Така, докажано е дека витамините од група Б има огромна улога за нормално функционирање на нервниот систем. Експертите сметаат дека внесувањето на поголеми количества витамини Б, помага во лекувањето на полесни форми на депресија, анксиозност, раздразливост и слабо паметење.

Витамин Е

Витаминот Е има важна улога во метаболизмот: се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е силен антиоксиданс, одговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи, има позитивен ефект на сите типови на кожа.

Семејство

Недостатокот од витамин Е може да предизвика замор, проблеми со концентрацијата, ослабен имунолошки систем, анемија и ниски нивоа на тироидни хормони. Овој витамин ја зголемува сексуалната енергија, есенцијален е за репродуктивната функција и кај жените и кај мажите. Успешно се бори со сите знаци на стареењето, сива коса, брчки, како и најразлични хронични болести поврзани со процесот на стареење.

Дневните потреби од витаминот Е за просечно возрасна особа изнесуваат 10 мг

Совет од нутриционистот

100% Соковите му даваат на организмот енергија, ги содржат сите витамини кои му се потребни на организмот, не содржат масти и се одличен избор за секој член на семејството, посебно затоа што немаат додаток на шеќери, туку се природно слатки од самиот овошен шеќер.

Ананасот како овошје е богат со бромелин и магнезиум, портокал е изворот на витамин Ц. Сите овие состојки се пренесени во 100% овошни сокови на најголемиот македонски производител на сокови – познатиот бренд ВИВА. Со нивното конзумирање ги регулирате потребите на организмот за овие битни состојки. Само една чаша сок од ананас обезбедува дел од дневната препорачана доза на бромелин и магнезиум. Оваа придобивка од Ананасот предизвикува раст на коските кај млади лица и зајакнување на коските кај постари лица. За зголемување на ефикасноста од дејството на сокот од ананас, се препорачува да се консумира меѓу оброци. Овој сок, исто така е добар за настинки и кашлици. Иако во вакви ситуации сокот од портокал е изворот на витамин Ц, сепак добро е да се знае дека придобивките од сокот од ананас при настинки и кашлица се исто така добри, како и од портокал, но со дополнителни придобивки поради бромелинот. Во исто време, бромелинот помага при варењето на храната, што е добар почеток на создавање на здрави навики во исхраната. Комбинацијата, пак, од витамините А, Ц и Е, кои што можат да се најдат во нектар коктелите на ВИВА, без конзерванси и без вештачки засладувачи, се вистинска голтка природа за одлично чувство секој ден, за секој член на семејството.

Нутриционист д-р Татјана Гуржанова

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.