Почетна » Новости » Занимливости » Новогодишни понуди на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со РК Вардар

Новогодишни понуди на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со РК Вардар

  • 6 GB најбрз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи и 20 часа Mobile MaxTV
  • 6 месеци бесплатно MaxTV и можност за купување Toshiba LED телевизор за 500 денари на 24 рати

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и ракомениот клуб Вардар оваа година достигнаа високи европски врвови. Македонски Телеком стана прв во Европа со целосна IP мрежа, Т-Мобиле прв во Македонија со 4G мрежа, додека Вардар стана шампион на СЕХА регионалната лига и влезе меѓу осумте најдобри во ракометната Лига на шампионите.

После тие успеси, некако логично следуваше да ги здружат своите сили за нови заеднички победи, на домашна и меѓународна сцена.

Резултат на тоа партнерство е учество на дел од ракометарите на Вардар во кампањата за новата Play Comfort постпејд понуда на Т-Мобиле со која се добива 6 GB најбрз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи, 20 часа Mobile MaxTV и бесплатен простор од 5 GB за чување и споделување на фотографии и видеа преку cloud услугата Loop за само 799 денари месечно.

За дополнително задоволство на своите корисници Т-Мобиле овозможи и неделни понуди на смартфони. Со оваа понуда во првата недела, за само еден денар може да се купи новиот Sony Xperia E1. За секоја онлајн нарачка на смартфон преку t-mobile.mk, се добива дополнителен попуст од 1500 денари и бесплатна достава до дома.

Новогодишни понуди на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со РК Вардар

За Новогодишните празници сите нови корисници на 3 Max или Family Box, ќе уживаат во најдобрата телевизија MaxTV, 6 месеци бесплатно со дополнителна можност за купување Toshiba LED телевизор за само 500 денари месечно, на 24 рати. „Македонски Телеком и Т-Мобиле се едни од најголемите поддржувачи на спортот, културата и музиката во Македонија. Ракометарите на Вардар се идоли на многу млади во земјава, пример за истрајност и спортски дух и токму поради тоа се решивме да ги вклучиме во нашите промотивни активности. Сосема природно дојде соработката со Вардар, кој во моментов претставува најдобар спортски колектив во земјава со големи амбиции и планови, во кој препознавме квалитетен проект кој сакаме дополнително да го поддржиме на радост на бројните навивачи на овој клуб, голем дел и наши корисници. И понатаму ќе продолжиме да креираме уникатни понуди, следејќи ги трендовите, и потребите на корисниците, со цел да им обезбедиме единствени моменти кои се вредни за споделување“, изјави Димитар Ковачевски директор за корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

Новогодишни понуди на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со РК Вардар Новогодишни понуди на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со РК Вардар

„За да се остварат врвни резултати потребно е многу напорна работа и посветеност на секој поединец, но тоа не би било возможно без големата поддршка од сите кои го сакаат клубот. Партнерството на Македонски Телеком, Т-Мобиле Македонија и спортскиот клуб „Вардар“ со кое играчите на трите клуба – машкиот и женски ракометен клуб „Вардар“ и Фудбалскиот клуб „Вардар“ ќе го носат знакот на светски реномираниот бренд, и поддршката која ја добиваме, многу значи за нас, а истовремено претставува и силен поттик за да дадеме максимум на секој натпревар. Ние ракометарите ќе бидеме и првите корисници на оваа понуда, и можам да кажам дека навистина уживавме во создавањето на оваа кампања. Се радуваме на сите идни успеси, на понатамошната соработка со Македонски Телеком и Т-Мобиле, и ветуваме дека нема да разочараме“, изјави Стојанче Стоилов, пикер на РК Вардар и македонски ракометен репрезентативец.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.