Почетна » Новости » Занимливости » Ново женско списание им кажа „не“ на слабите модели и диетите

Ново женско списание им кажа „не“ на слабите модели и диетите

Насловна на списанието Just As BeautifulНасловна страница на списанието „Just As Beautiful“

Британија доби ново женско списание чија идеја е да ги освои жените кои имаат полна фигура.

„Just As Beautiful“ е списание наменето за жените со големина на облека од 14 до 20 (според стандардите во Велика Британија), а неговите уредници цврсто стојат зад ставот да нема слаби модели на неговите страници.

Сите модели коишто ќе ги красат страниците на списанието ќе бидат не послаби од нивната публика и ниту еден дел од телото на моделите нема да биде отстрануван со Фотошоп.

„Just As Beautiful“ ќе содржи статии за мода, готвење и стил на живеење и нема да вклучува совети за диети, но ќе вклучува совети за вежбање.

Сју Томсон, уредничката на списанието, изјавила: „Сакаме нашите читателки да знаат дека не мора да го менуваат својот изглед за да бидат вистински среќни“.

Модел од списанието „Just As Beautiful“Модел од списанието „Just As Beautiful“

?

Што мислите вие? Дали вакво списание ќе им помогне на жените да се чувствуваат подобро во својата кожа? Или пак само го поддржува нездравиот начин на живот, затоа што постои можност луѓето да започнат да гледаат на дебелината како на нормално нешто и да не преземаат ништо за да се борат против неа?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.