Почетна » Новости » Занимливости » НЛБ Банка - носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

НЛБ Банка - носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси - МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“.

НЛБ Банка

НЛБ Банка е прва компанија која стана член на корпоративниот одбор на МАЧР и горд носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“.

НЛБ Банка

Претседателот на Асоцијацијата за човечки ресурси, Дарко Петровски, му ја врачи плакетата на Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој по тој повод изјави: „НЛБ Банка отсекогаш била и во иднина уште посилно ќе биде посветена на луѓето, на нашите клиенти, но пред сè, на нашите сегашни и идни вработени. Ние сме голема Банка, семејство од над 900 луѓе. Постојано инвестираме во луѓето, грижливо ги третираме и се трудиме да им овозможиме работно опкружување кое ќе ги сплоти нивното знаење и инвентивност со идните потреби на клиентите и заедницата. Продолжуваме да креираме современи и предизвикувачки работни места за успешни кариери. Поттикнуваме личен развој, верувајќи дека растот е битна состојка на личната среќа. Нам ни е најваважно нашите вработени да се среќни, како на работното место, така и во приватниот живот, затоа што задоволни вработени се грижат и за среќни и задоволни клиенти. Продолжуваме заедно, за сè што следи!“

НЛБ Банка

Амблемот „Компанија ориентирана кон луѓето“ од оваа година им се доделува на компании кои даваат значење на професијата менаџмент со човечки ресурси. НЛБ Банка како компанија која континуирано покажува активна свесност за значењето на човечкиот капитал, ги почитува стандардите во управувањето со луѓе и во иднина ќе продолжи да ги поттикнува вработените да го достигнат и применат својот потенцијал и заеднички да ја градат визијата за долготрајна благосостојба.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.