Само едно добро дело има моќ целосно да промени нечиј живот. Ален Барнс е 67-годишен хендикепиран старец кој пред една недела беше физички нападнат пред својот дом. Во кукавичкиот напад, на кревкиот пензионер му била скршена клучната коска, а тој бил толку многу вознемирен и исплашен што не сакал да се врати да живее на истата локација.

Кога Кејти Катлер прочитала за нападот, одлучила да преземе нешто со цел да му помогне на Ален, иако лично не го познавала. 21-годишната козметичарка започнала онлајн иницијатива за собирање на средства за несреќниот старец да може да пронајде нов дом во кој би се чувствувал безбедно.
Целта на Кејти била да се соберат 500 фунти, но хуманоста на десетици илјади лица ги надмина нејзините очекувања. Верувале или не, таа за само 5 дена собра над 450.000 долари и благодарение на нејзината хуманост, Ален за првпат ќе може да си купи сопствена куќа.
Активностите на Кејти не застанале во виртуелното пространство. Таа лично се сретнала со Барнс за да му ја искаже својата поддршка.



Ален е роден со нарушен раст и поради тоа е висок 137 сантиметри и тежи само 38 килограми, а со текот на годините делумно го изгубил својот вид. За несебичната постапка на Кејти, тој изјавил: „Денешните млади не се секогаш прикажувани во позитивно светло, но никогаш нема да заборавам што направи оваа млада жена за мене. Ова е најдоброто нешто кое некогаш ми се случило. Отсекогаш сум знаел дека постојат добри луѓе на светот, а оваа нејзина постапка само ми го потврди тоа.“