Почетна » Новости » Занимливости » Неписмен кловн триумфира на изборите во Бразил

Неписмен кловн триумфира на изборите во Бразил

ТиририкаКловнот Тиририка

Бразилскиот комичар Франциско Еверардо Оливиера Силва, познат како кловнот Тиририка, триумфираше на изборите во Сао Паоло и со тоа доби место во Конгресот на Бразил.

Не, ова не е шега! Тиририка успеа да освои дури 1,3 милиони гласови, што е двојно повеќе од второпласираниот кандидат во Сао Паоло.

Среќниот кловн успеа да ги освои Бразилците со својот слоган „Не може да биде полошо“ и ветувањето да не прави ништо друго во Конгресот освен да им дава извештај за тоа како политичарите си го трошат времето.

„Што прави еден конгресмен? Вистината е дека не знам, но гласајте за мене и ќе ви кажам“ – велел Тиририка во своите реклами.

45-годишниот кловн за малку не бил дисквалификуван, бидејќи се појавиле докази дека е неписмен.

Еве како Тиририка ги убедуваше граѓаните на Сао Паоло да му го дадат нивниот глас:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11043 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.