Почетна » Новости » Занимливости » Невеста украде £470 000 за да направи свадба од соништата

Невеста украде £470 000 за да направи свадба од соништата

Секоја жена мечтае за голема убава свадба, кога ќе може да се почувствува како принцеза. Но, некои се толку многу опседнати со таа идеја што би направиле апсолутно сè за да си го остварат сонот.

Џоен Кент, мајка на две деца, украла 470 000 фунти од фирмата каде што работела, два месеци пред да ја направи својата голема скапа свадба. Таа со парите резервирала цел хотел за нејзините гости да можат да се забавуваат, организирала спектакуларен огномет и на секој гостин му подарила Армани белегзија.

Џоен КентЏоен Кент на својата луксузна свадба.

Кент потрошила и 50 000 фунти за автомобили, купувајќи си Audi A4 и Мазда од 38 000 фунти.

Целиот тој раскош си го овозможила со пари од компанијата Wilson UK Ltd. Измамата била софистицирана и ја откриле само поради тоа што направила трансфер во САД со погрешна валута (фунти наместо долари).

Денес, две и пол години по големата свадба, Кент е осудена на минимална затворска казна од две години, затоа што има две мали деца.

Најголемата штета од лудоста на Џоен Кент ќе ја претрпи нејзиното семејство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.