Аналис Мишлер до пред три години тежела само 27 килограми и се борела со анорексија, а денес 22-годишната девојка слободно може да се пофали со одлично здравје и фит изглед.

Инспиративната девојка била „кожа и коски“ и била на работ на смртта, честопати завршувајќи во болница, но решила храбро да ѝ се спротивстави на болеста и да го победи нарушувањето во исхраната.
Аналис тврди дека среќата не оди рака под рака со „костурестиот изглед“. „Смешно е како луѓето ти кажуваат дека стомачните мускули се еднакви со среќа. Дека е добро да јадеш помалку и да вежбаш повеќе. Па дозволете ми да ви кажам, јас умирав кога имав стомачни мускули. Умирав кога не јадев доволно и вежбав премногу. Никогаш не бев доволно добра во сопствените очи. И ако ме прашате мене зборовите „слаба“ и „задоволна“ никогаш не смее да се користат во иста реченица“ – пишува таа.


Како резултат на нарушувањето во исхраната, Мишлер развила бројни здравствени проблеми, меѓи кои анемија, нередовен менструален циклус и проблеми со срцето, тироидната жлезда и спиењето. Аналис признава дека била многу несреќна и дека живеела во страв, анксиозност и безнадежност.
Во 2016 година, нејзиниот црн дроб речиси престанал да работи и таа морала да биде префрлена во болница. Нејзе ѝ бил дијагностициран автоимун хепатитис, болест која го спречува телото да апсорбира масти или хранливи материи.







Денес, Аналис внесува 6.500 калории дневно за да ја одржува својата телесна тежина и мускулите и тврди дека ужива во храната и е многу посреќна. „Да, беше пекол и беше најтешкото нешто кое го имам направено ментално и физички, но сега повторно живеам и сум многу посреќна“ – вели таа.




„Минав низ апсолутно најтемниот пекол што може да се замисли и денес стојам тука со насмевка на лицето, месо на коските и светлина во очите“ – додава Аналис, која со својата трансформација и сегашниот фит изглед се обидува да ги инспирира илјадниците обожаватели кои ја следат на Instagram.