Почетна » Новости » Занимливости » „Не постојат ограничувања“: Жена тешка над 100 кг ги совладува и најтешките јога пози

„Не постојат ограничувања“: Жена тешка над 100 кг ги совладува и најтешките јога пози

Жена тешка над 100 кг инспирира на Instagram, покажувајќи дека килограмите се само бројка, а не причина за да бидеме среќни или несреќни. Дејна Фолсети секојдневно совладува комплицирани јога пози, нешто што никогаш не мислела дека ќе може да го направи.

Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети

23-годишната Американка отсекогаш имала проблеми со тежината, но на факултет го достигнала својот максимум и тежела околу 135 кг. Дејна си го мразела своето тело, била несреќна и сè што сакала да направи било да ослаби. Таа верувала дека тежината е причина за тоа што не била среќна и започнала да се изгладува себеси.

По строги диети и броење калории, Фолсети успеала да стопи 45 кг, но сè уште се чувствувала мизерно. „Кога ќе изгубиш 45 кг, очекуваш да се почувствуваш како друга личност, но јас не се чувствував така. Целиот мој живот го бркав тој концепт дека кога ќе ослабам, ќе бидам посреќна и знам дека многу луѓе се во таа позиција, чувствуваат дека ништо друго не е важно додека не ја намалат својата тежина. Но, јас ослабев и тоа сè уште не беше важно“ – вели Фолсети.

Дејна започнала да практикува јога, бидејќи имала потреба од тишина и медитација, но не ни помислувала дека тоа ќе ѝ го промени животот засекогаш. Таа смета дека жените се како програмирани да си го мразат своето тело и дека треба да престанат со опсесијата да бидат слаби и да се сакаат онакви какви што се.

Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети

„Како жени, ние сме научени да си ги мразиме нашите тела. Да си ги мразиме нашите лица. Да си го мразиме целулитот. Да си ги мразиме коските. Да си ја мразиме косата. Да си ја мразиме кожата. Да си ги мразиме деловите од нашето тело. ДА МРАЗИМЕ СÈ. Жените постојано се преоптоварени со верзијата која им ја налага општеството за тоа како треба да изгледаат.“

„Мојата градба никогаш не се совпаѓаше со она на што луѓето му се одушевуваа на ТВ или во списанијата. Никој никогаш не рече: Посакувам да бидам силна како неа или да имам широки колкови како неа... сè кон што луѓето се стремеа беше да бидат слаби. Слабото беше идеал. Твојата сила не беше важна, нештата кои можеш да ги направиш со твоето тело не беа важни, освен ако не си слаба“ – вели Дејна, која сега постојано практикува јога.

Посветената јога фанатичка вели дека јогата ѝ го промени начинот на размислување, а со тоа и нејзиниот живот. „Кога со леснотија ќе застанете во поза која некогаш сте ја сметале за невозможна, започнувате да се приближувате кон вашите ограничувања и за мене тоа беше поентата. Кога ќе си покажете повторно и повторно дека сте грешеле, немате друг избор освен да прифатите дека границите не постојат“ – смета Дејна.

Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети

Во видео за Cody, Дејна раскажува за своето искуство за да инспирира други луѓе.

„Еве сум, во телото што целиот мој живот сметав дека ме ограничува, правејќи нешта кои никогаш не мислев дека се возможни. Ако можам да се вратам назад, особено во средно училиште, би си кажала себеси дека отсекогаш сум вредела, дека отсекогаш сум била силна“ – вели Фолсети.

Видео

„Вие треба да одлучите дека вредите. Морате да поверувате дека сте вредни за љубов, за среќа и исполнет живот“ – порачува Дејна.

Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети Дејна Фолсети

Фолсти постојано се соочува и со позитивни и со негативни коментари, но вели дека не дозволува негативните да допрат до неа, затоа што знае колку вреди.

„Секојдневно добивам гадни коментари затоа што гордо го покажувам моето тело, а моето тело не им се допаѓа на сите. Но, не ме засегаат, зашто тие коментари воопшто не се за мене. Некои луѓе гледаат фотографија од мене и ме нарекуваат инспирација. Други ја гледаат и ме нарекуваат кит. Не сум ниту кит, ниту инспирација. Јас сум јас. Луѓето ќе го гледаат во вас она што тие сакаат да го видат“ – објаснува таа.

A video posted by Dana Falsetti (@nolatrees) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11340 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.