Почетна » Новости » Занимливости » Не, вашиот хороскопски знак НЕМА да се промени

Не, вашиот хороскопски знак НЕМА да се промени

Вашиот хороскопски знак останува ист. Вагите си се ваги, шкорпиите – шкорпии, стрелците – стрелци.

Мината седмица светот го обиколи веста дека за хороскопот да биде точен, треба да бидат направени промени и да биде воведен дополнителен 13-ти знак – змијоносец. Веста се појави откако американскиот астролог Парк Канкл изјави дека повеќето луѓе треба да си го променат знакот и дека родените во периодот од 29 ноември до 17 декември се всушност претставници на знакот змијоносец.

Хороскоп

Според Канкл, поради влијанието на гравитацијата на Сонцето и Месечината врз Земјата, настануваат сосема мали промени во земјината ротација, па сегашната поставеност на соѕвездијата во однос на Земјата не е иста со онаа од пред 3000 години.

Видни астролози потврдија дека појавата за која зборувал Канкл влијае само на сидералната астрологија, односно системот кој се користи во Индија. Но, дури и таму биле правени корекции во пресметувањата во текот на годините за промените да бидат земени во предвид.

Системот што се користи во Западната астрологија, кој и ние го користиме, воопшто не се влијае од оваа појава. Нашиот систем е „неподвижен“, т.е. движењето на Сонцето, Месечината и планетите се следи преку фиксирани сектори на небото. Овие сектори се непроменливи без разлика што се случува со земјината оска. Па, слободно можете да продолжите да си го читате хороскопот за знакот што си го знаете цел живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.