Почетна » Новости » Занимливости » Најчесниот крадец на светот?

Најчесниот крадец на светот?

Универзитетски професор од Шведска имал огромна среќа што лаптопот му го украл совесен крадец.

Професорот си ја оставил чантата со лаптопот скриена зад врата во близина на неговиот стан за да може слободно да отиде до пералната во истата зграда. Кога се вратил, чантата ја немало.

Крадец

Но, не поминало долго време пред неговата чанта повторно да се појави на истото место, заедно со сите документи и кредитните картички. Единствено недостигал лаптопот.

Професорот бил многу разочаран, затоа што во својот лаптоп чувал податоци за целата негова работа во последните 10 години.

За среќа, една недела по кражбата, професорот добил USB стик на којшто биле снимени податоците од неговиот лаптоп.

„Кога луѓето ќе ги загубат своите компјутери или фотоапарати, разбирливо е дека самиот уред не е најважното нешто. Содржината која е во нив често е незаменлива“ – изјавил среќниот професор.

„Поради оваа приказна чувствувам дека има надеж за човештвото“ – додал тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.