Почетна » Новости » Занимливости » Најстарата јога инструкторка: 5 совети за посреќен живот

Најстарата јога инструкторка: 5 совети за посреќен живот

Тао Порчон-Линч му пркоси на времето. Подвижната старица, која пред две години влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара јога инструкторка, редовно танцува, a соработува и со Далај Лама.

Тао Порчон-Линч

За време на Втората светска војна, Тао била танчарка во кабаре, потоа работела како модел во Париз, а направила и големи чекори во филмската индустрија во САД. И покрај тоа што јогата постојано била присутна во нејзиниот живот, Тао одлучила поактивно да се занимава и да држи часови дури откако наполнила 73 години.

Активната бабичка морала да надмине и многу пречки за да може да ги практикува напредните јога пози. На 87-годишна возраст ѝ била направена операција на колкот, но само еден месец подоцна таа се вратила на подиумот да танцува.

Тао Порчон-Линч Тао Порчон-Линч

Иако зад себе има речиси еден век живот, 96-годишната Тао нема намера да забави. Еве кои се нејзините совети за посреќен и поисполнет живот:

  1. Започни го денот правилно. Кога станувам наутро, не размислувам за сите работи кои ќе се случат, без разлика дали се добри или лоши. Си велам себеси: Ова ќе биде најдобриот ден од мојот живот.
  2. Годините се само цифра. Јас не верувам во возраст. Кога луѓето ќе ме прашаат за возраста, им велам да ги погледнат дрвјата околу нив. Тие се стари стотици години. Можеби изгледаат како да умираат, но тоа не е точно. Тие се обновуваат. По неколку месеци, тие ќе бидат родени повторно.
  3. Танцувај како никој да не те гледа. Танцувањето придонесува повторно да се чувствуваш добро. Знаете, сум паѓала и сум се лизнувала. Сум доживеала сè, но не дозволувам тоа да ме победи.
  4. Акцентирај го позитивното. Она што ќе го ставиш во твојот мозок се остварува. Ако имаш негативни мисли, привлекуваш кон себе негативни работи. Биди позитивен. Единствено барај го доброто.
  5. Не денгуби. Нема нешто што не можеш да го направиш. Можеш едноставно да станеш и да уживаш во животот и ќе видиш колку е прекрасен тој. Има толку многу што да се прави, а толку малку време.
Тао

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.