Почетна » Новости » Занимливости » Најстарата жена на светот наполни 116 години

Најстарата жена на светот наполни 116 години

Бес Купер може да ја украси роденденската торта со 116 свеќи и со гордост да каже дека е најстарата жива личност на светот.

Остроумната пра-прабаба е во елитната група составена од 8 лица кои го доживеале 116. роденден, според Гинис.

Бес Купер

„Колку постара е, толку поостроумна е“ – изјавил синот на Бес.

Гинис официјално ја прогласи Бес за најстара личност во јануари 2011 година. Купер е родена во 1896 година и ги има преживеано двете светски војни и Големата депресија. Во 1924г. таа се омажила за Лутер Купер кој починал 40 години подоцна. Денес Бес има 12 внуци и многу правнуци и пра-правнуци.

По повод нејзиниот роденден, мост во Монро, Џорџија го добил нејзиното име. Иако Бес не била во можност да присуствува на свечената церемонија на отворањето на мостот, таа за укажаната чест рекла: „Мило ми е што им дадов причина да го именуваат“.

Бес Купер

Кога била запрашана која е тајната на нејзината среќа, таа одговорила: „Си ја гледам сопствената работа. И не јадам брза храна“.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата личност кога било е Жан Луиз Калман, која имала 122 години кога го напуштила овој свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.