Почетна » Новости » Занимливости » Најпаметната мисица на светот

Најпаметната мисица на светот

Кејти Фар е новата носителка на титулата Miss World University. 24-годишната Британка победила 42 други учеснички откако го импресионирала жирито не само со својата убавина, туку и со својата интелигенција.

Miss World University Победничката Кејти заедно со второ и третопласираната учесничка на Miss World University

Кејти е шампионка во кик-бокс, модел, актерка, хуманитарен работник и има завршено политика на Универзитетот во Лидс, а нејзиниот коефициент на интелигенција е 140. Таа изјавила дека основно учествува во натпревари за убавина затоа што така има поголеми можности да се занимава со хуманитарна дејност.

Кејти Фар Кејти Фар

Второпласирана е учесничката од Полска, Катарзина Куциемска, а третопласирана – Чои Јунг-Ва од Јужна Кореја.

Miss World University е натпревар во кој можат да учествуваат само студентки или жени кои веќе имаат завршено факултет. Се одржува уште од 1986г. во Сеул, Јужна Кореја.

Учесничките ги покажуваат своите способности за дебатирање во рамките на интернационален форум за мир, индивидуалните таленти кои ги поседуваат, но и желбата за учество во хуманитарни активности.

Претходните победнички биле вклучувани во активности за промовирање на мирот во региони како Косово и Руанда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.