Почетна » Новости » Занимливости » Најискрена радост: Момче и девојка со Даунов синдром си ветуваат дека ќе се сакаат засекогаш

Најискрена радост: Момче и девојка со Даунов синдром си ветуваат дека ќе се сакаат засекогаш

Ешли и Дени се пример за чиста, безусловна, искрена и вистинска љубов.

И двајцата се родени со Даунов синдром, а нивната љубов од ден на ден сè повеќе расте. Најновото видео од заљубениот пар ќе ве увери во тоа.

Дени штедел голем дел од својата плата за да ѝ купи прстен на љубовта на својот живот со кој да ѝ покаже дека СЕКОГАШ ќе биде покрај неа и да ѝ вети дека еден ден тие ќе се венчаат. Во видеото објавено на профилот „Love What Matters“ на Facebook, Ешли го отвора роденденскиот подарок од својот сакан, а нејзината радосна реакција не може да се опише со зборови.

„Дени и Ешли се родени со Даунов синдром. Тие не само што имаат безусловна љубов еден за друг, туку тие секојдневно покажуваат вистинска благодарност за животот. Дени и сестра ми се состануваат веќе две години и не можеа да бидат посовршени еден за друг. Дени сакаше да ѝ покаже на сестра ми дека тој секогаш ќе биде тука и дека има очи само за неа. Тој си заштеди пари од својата плата за да ѝ подари на сестра ми прекрасен дијамантски прстен за ветување“ – пишува сестрата на Ешли во описот на видеото на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.