Почетна » Новости » Занимливости » Најголемата студентска авантура во 2020 година ќе биде патот до Берлин!

Најголемата студентска авантура во 2020 година ќе биде патот до Берлин!

Откако во неколку наврати претходно беше организирана авантурата „Red Bull Can You Make It“, светската студентска популација „одлепи“ по шансата нивната уникатна патувачка приказна да биде осценета и наградена како најинтересна.

Точно 200 тимови, сочинети од по тројца учесници, ќе тргнат од пет различни градови во Европа со една цел: да стигнат во Берлин, притоа не користејќи пари, а единствената валута што ќе ја поседуваат ќе бидат лименки со енергетскиот пијалок „Ред Бул“. Правилата велат дека се што успеете да добиете при трампа на лименките смеете да го користите, наспроти фактот дека никакви бесплатни услуги остварени на друг начин (пример користење авионска карта со собрани поени) нема да биде дозволено. Тимовите ја започнуваат авантурата од една од петте точки: Амстердам, Барселона, Будимпешта, Копенхаген и Милано.

Red Bull Red Bull

Звучи интересно? Во секоја земја има отворен конкурс за избор на национален тим, кој ќе биде отворен до 17 февруари. Откако ќе најдете уште две личности кои што ќе го делат вашиот ентузијазам ќе треба да подготвите пријава во форма на видео запис, се со цел луѓето да можат да гласаат за вас во тој избор. Затоа, со видеото мора да покажете вештини, кои всушност ќе бидат столбот на вашата авантура: тимска работа, креативност и посветеност.

Победници нема да бидат оние што први ќе стигнат на целта, туку оние кои најинтересно си поминале по пат во предвидените седум дена, а за да тоа биде евалуирано, ќе мора да бидете мошне активни со фотки и видеа на социјалните мрежи.

Red Bull Red Bull

Во минатите години учесниците успеаја да трампаат лименки за влезници на натпревар од Лигата на шампионите, да добијат авионска карта, како и да учествуваат во екстремни спортови.

Единствен услов за да станете дел од историјата на оваа авантура е да сте студент! Се е во ваши раце при составувањето на тимот, како и на едноминутното видео. Потоа следат фазите на гласање на публиката и на жирито.

Red Bull

Како изгледа во пракса оваа голема авантура едноставно не може да се опише во неколку збора. Од исконскиот и вроден предизвик за преживување, до натпревар во кој ќе поминете многу километри и ќе видите многу дестинации. На стартот ќе ги предадете сите пари, картички и телефони што ги поседувате во моментот во замена за 24 лименки Red Bull и телефон со неограничена размена на податоци, кои ќе бидат вашиот единствен начин/валута преку кој ќе успеете да стигнете до храна, сместување, транспорт и голем број на неочекувани авантури. Од овој момент сте оставени сами на себе, за како знаете и умеете да ги со креирате патот до крајната дестинација, Берлин! Ако ви зафалат лименки, исто така не треба да се очајува: при решавањето на задачите на контролните точки, наградата се повеќе лименки преку кои ќе можете да го продолжите патот!

Red Bull Red Bull

Ако го разбудивме вашиот авантуристички дух, тогаш само запрашајте се „дали можете“, а ако одговорот е позитивен, почнете да барате сродни души со кои ќе делите добро и зло во текот на седумте дена по белосветските патиштѕа. Во видеото објаснете или демонстрирајте како ќе го направите она што се очекува од вас во предизвикот „Red Bull Can You Make It“.

За уште повеќе детали ви ги предлагаме следните линкови, а наскоро ќе следат и други текстови со совети за фазата на пријавување и патување!

https://canyoumakeit.redbull.com/mk-mk

https://www.youtube.com/watch?v=RtmEKnhZagU

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.