Почетна » Новости » Занимливости » Најава за четврто издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“: Општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје

Најава за четврто издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“: Општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје

По три години успешна реализација на „Сонуваме. Менуваме“, Стопанска банка АД – Скопје го најавува најголемото досега #СонувамеМенуваме со 15 инклузивни концерти.

Како и досега, милениците на децата 5+ Фамилија (ОхО) заедно со децата со пречки во развојот преку музика, игра и смеа ќе покажат дека разликите не треба да нè разделуваат, туку напротив може да нè зближуваат. Со оглед на тоа што целна група на овие концерти се децата, пораката преку концертите се пренесува суптилно и ненаметливо преку вклучување на лица со различни попречености во театарската игра и нивното учество е клучно во приказната. Со тоа се нагласуваат нивните можности наспроти попреченостите и се посочуваат позитивни примери за инклузија кои децата потоа може да ги применат во својата секојдневна игра.

Сонуваме. Менуваме

15-те термини на концертите во Македонскиот Народен Театар ќе бидат прилика за пренесување на пораката за инклузија, соживот и разбирање до уште поголема публика, а како и претходно, поради хуманитарниот карактер на настанот, средствата остварени од продажбата на билетите по цена од 200 денари се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби. Досегашните средства во износ над 45.000 евра помогнаа во период од 3 години да се реализираат 27 проекти со кои се подобрија условите на лицата со посебни потреби од аспект на комуникација, движење, самостојност, едукација и тн. Задоволството на корисниците на донациите е мотив повеќе Банката да продолжи со реализација на проектот заедно со партнерите од ОхО, асоцијациите и институциите.

Ги покануваме сите заинтересирани билетите да ги набават од билетарницата на МНТ или од нивната веб страница www.bit.ly/SonMen4 за некој од термините од 14 до 29 декември.

Видео најава снимена со Кристијан Лазарев, лице со оштетен вид:

Химната на Сонуваме. Менуваме

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.