Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Одржани 5 инклузивни концерти во рамките на проектот „Сонуваме.Менуваме“ на Стопанска банка АД - Скопје

ФОТО: Одржани 5 инклузивни концерти во рамките на проектот „Сонуваме.Менуваме“ на Стопанска банка АД - Скопје

Стопанска банка АД – Скопје го реализираше и третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ прерасна во уште поголем спектакл и доживување кое ќе се памети.

На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија приредува едночасовно шоу во кое вклучени беа повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваа програмата и рамноправно со актерската екипа, гласно и недвосмислено ја промовираа инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме.

Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме

Посетители на настаните беа и повеќе асоцијации надвор од Скопје за кои Банката покрај влезници, обезбеди превоз и храна.

Сонуваме.Менуваме

Петте концерти „Сонуваме.Менуваме“ се одржаа во МОБ со овој распоред:

  • Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот
  • Недела 16.12 од 11 и од 14 часот

Поради хуманитарниот карактер на настанот, во продажба беа пуштени билети по симболична цена од 100 денари и сите овие средства се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

„Сонуваме.Менуваме прерасна во традиција и среќни сме што токму со овој проект почнуваме да ја одбележуваме нашата 75 годишнина. Кога компанијата има богата историја значи дека е вткаена во историјата на државата, на граѓаните и на компаниите и остава траен белег врз општеството. Како општествено одговорна компанија секогаш сме на страната на оние кои не се плашат да го остварат својот сон, даваме поддршка, заедно туркаме напред и создаваме подобар свет за сите. Им посакувам на децата кои ќе учествуваат, но и оние кои ќе ги следат концертите да работат сложно за посветла иднина, ја имаат нашата поддршка секако“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме Сонуваме.Менуваме

Во продолжение се одобрените грантови од страна на комисијата за 2018та година со што вкупниот буџет доделен досега од страна на Банката надминува 45.000 евра.

Сонуваме.Менуваме

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11605 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.