Почетна » Новости » Занимливости » На суд затоа што им чкрипел креветот за време на секс

На суд затоа што им чкрипел креветот за време на секс

Млад пар од Германија стигна и до суд затоа што креветот на кој имале секс создавал голема бучава.

24-годишната Штефани Милер и 25-годишниот Лукас Цеч заработиле казна за страсната вечер што ја поминале заедно.

Секс

Во јули полицијата добила 10 поплаки од соседите кои се жалеле дека премногу се слушало чкрипење и тропање од креветот.

Парот бил повикан да плати парична казна од околу 6000 денари која била одредена според законите за бучава, но тие одбиле да платат.

Поради тоа, било закажано сослушување во Берлин на кое Штефани се бранела со зборовите „Не бевме толку гласни“.

На таа изјава судијата возвратил: „Можеби не вие, но вашиот кревет бил. Имаме изјава на сведок дека се слушало тропање и чкрипење во соседството од 23 до 1 часот вечерта“.

„Беше апсолутно нормален секс, ништо возбудливо“ – рекол од своја страна Лукас и заслужено добил остар поглед од својата партнерка која возвратила: „Фала – тоа беше многу убаво“. Веднаш потоа ја напуштила судницата.

Судијата го прекратил делото бидејќи тужителите не се појавиле во судот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.