Почетна » Новости » Занимливости » На здравје! Денес се празнува Светскиот ден на пивото

На здравје! Денес се празнува Светскиот ден на пивото

Пеколно жешко е, петок е... но, ако ви треба уште една добра причина за да наздравите со ладно пиво, тука е Светскиот ден на пивото.

Пиво Неофицијалниот празник, кој секоја година се одбележува на првиот петок од август, бил „основан“ во 2007 година во Санта Круз, Калифорнија, а денес го имаат прифатено над 200 града од низ светот.

Зацртани се три цели за прославувањето на Меѓународниот ден на пивото:

  • Да се соберете со пријателите и да уживате во вкусот на пивото;
  • Да им оддадете почит на оние кои го произведуваат и го служат пивото;
  • Да се обедини светот под знакот на пивото, со тоа што ќе се слават пивата од сите нации во ист ден.

Цитати за пивото

„Пивото, ако се пие во умерени количини, го омекнува темпераментот, го разведрува духот и го подобрува здравјето.“
Томас Џеферсон

„Пивото е доказ дека Бог нè сака и сака да бидеме среќни.“
Бенџамин Френклин

Пиво

„Сите можат да пијат пиво, но потребна е интелигенција за да уживаш во пивото.“
Стивен Бомонт

„Мудар човек беше оној кој го измисли пивото.“
Платон

Пиво

„Многу е полесно да го започнеш денот кога знаеш дека ќе заврши со едно пиво... или две.“
Непознат автор

„Дајте ми жена која навистина сака пиво и јас ќе го освојам светот.“
Кајзер Вилхелм

Пиво

„Јас пијам пиво само во две пригоди. Кога ми е роденден и кога не ми е.“
Непознат автор

„Млекото е за бебиња. Кога ќе пораснеш, мора да пиеш пиво.“
Арнолд Шварценегер

Пиво

„Пивото не е одговорот. Пивото е прашањето. „Да“ е одговорот.“
Непознат автор

„Не постои лошо пиво. Некои само имаат подобар вкус од другите.“
Били Картер

Пиво

„Пивото, тоа е најдобриот проклет пијалак на светот.“
Џек Николсон

„Пријателите ти носат среќа во животот. Најдобрите пријатели носат пиво.“
Непознат автор

На здравје!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.