Почетна » Новости » Занимливости » Мускулест татко, кој вежба со 3-годишниот син, стана хит на интернет

Мускулест татко, кој вежба со 3-годишниот син, стана хит на интернет

Вејн Скивингтон во изминатите месеци стана хит на Instagram благодарение на тренинзите во кои редовно го вклучува синчето Рован.

„Јас сум сингл родител и го делам старателството на мојот син, плус работам две работи и имам други интереси како правење мебел, а тоа значи дека немам слободно време и дека мојот син е постојано покрај мене“ – вели Вејн, кој започнал да го вклучува Рован во своите тренинзи откако видел дека тој ги копира неговите вежби. „Тој обожава да прави сè што прави тато“ – додава тој.

Иако немал цел да стане хит кога го создал профилот, бројот на обожаватели од ден на ден сè повеќе расел, а Вејн смета дека причина за тоа е специјалната врска и огромната доверба која постои меѓу него и неговиот син.

„Мислам дека моите видеа се толку популарни зашто го вклучувам син ми во мојот активен начин на живот и му ги покажувам можностите кои лежат во најскапоцената алатка која ја поседуваме – нашето тело. Луѓето исто така можат да ја видат довербата која син ми ја има во мене, а која ја имам постигнато со поврзување преку игра. Понекогаш на татковците им е потешко да се поврзат со синовите, па луѓето сакаат да ја гледаат врската меѓу нас“ – смета тој.

„Сакам да бидам добар пример за него. Добивам многу пораки од лица кои ми кажуваат колку многу сум ги инспирирал за да бидат подобри родители или сум ги поттикнал да ги обноват нарушените врски со семејството“ – додава Вејн.

Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон

Скивингтон настапува во акробатското шоу „Curque du Soleil“ и е добар пријател со мајката која нè освои со својата сила и тренинзите со ќеркичката, Гасја Акметова. Неретко, тој ја нарекува своја инспирација.

Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон Вејн Скивингтон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.