Почетна » Новости » Занимливости » Моќно видео за тоа колку е важно на што ја трошите секоја секунда во денот

Моќно видео за тоа колку е важно на што ја трошите секоја секунда во денот

Моќно видео ќе ви покаже дека секоја секунда од животот е важна и треба да ја користиме за да ги усреќуваме најблиските.

Во него, раскажана е приказна за мало момче кое добива писмо од баба си кое го води во свет каде постои волшебник кој му дава по 86.400 рубљи на почетокот од секој ден, објаснувајќи му дека доколку не ги искористи во рок од 24 часа, тие ќе исчезнат на крајот од денот.

Потоа, му кажува дека најпрво тие пари ќе ги троши за себе, но бидејќи ќе има повеќе од доволно, подоцна ќе започне да ги вложува во подароци со кои ќе ги усреќува најблиските.

Грижливата баба му кажува дека тој волшебник навистина постои и се вика ЖИВОТ, кој ни дава по 86.400 секунди секој ден. Како и со парите, треба да одлучиме како ќе ги потрошиме секундите кои ни ги подарува животот, бидејќи еден ден може да престане да ни ги дарува тие секунди.

Кон крајот на видеозаписот, момчето се буди и оди да ја прегрне својата бабичка, за која сонуваше дека ја изгуби засекогаш.

Видеото всушност е реклама за руската банка Сбербанк. „Нашата цел е да го заштедиме вашето време, за вие да можете да го трошите на тоа што е најважно“ – пишува на крајот од видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25951 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.