Почетна » Новости » Занимливости » Моќни фотографии ги потсетуваат мајките кои родиле со царски рез дека телото не ги изневерило

Моќни фотографии ги потсетуваат мајките кои родиле со царски рез дека телото не ги изневерило

Многу мајки водат тешки битки да го прифатат своето тело по породувањето. Тоа особено е изразено кај мајките кои непланирано се породиле со царски рез и кои честопати го обвинуваат своето тело дека ги изневерило во најважниот момент.

Фотографка си има поставено мисија да ги промени гледиштата на новите мајки и да им помогне да го прифатат своето тело онакво какво што е. Проектот „The Honest Body“ на Натали МекКејн има цел да прикаже како реално изгледа телото на мајките без фотошоп, филтри и лукави пози.

Во рамките на проектот, Натали создаде фотосеријал „Моето тело не ме изневери“ и фотографираше мајка на три деца неколку дена по нејзиниот трет царски рез.

Царски рез Царски рез

„Првпат ја фотографирав оваа мајка во 2015 година. Ја посетив пред неколку дена и повторно ја фотографирав по третиот царски рез и раѓањето на нејзиното трето дете. Овие фотографии се направени ноќта пред да ѝ ги отстранат скопците. Нејзиното тело не ја изневери. Твоето тело не те изневери. Се надевам дека овие фотографии ќе допрат до срцата на оние кои се мачат по раѓањето со царски рез“ – пишува Натали за Жаклин, мајката од фотографиите.

Во описот, фотографката сподели и обраќање од Жаклин во кое таа вели дека нејзиното тело не ја изневерило бидејќи и таа и нејзиното бебе се живи и дека тоа е најважно.

„Постојано слушам како други мајки зборуваат дека посакуваат нашите тела да не нè изневереа. Дека ‘традиционалното породување ќе беше подобро и се прашуваат како завршивме овде. Можам да ви кажам дека не планирав царски рез. Не сакав царски рез... но, моето тело не ме изневери. Ова тело кое има видено операции, тумори, три царски резови и огромна загуба не ме изневери ниту еднаш. Моето бебе е живо, јас сум жива и ниту една лузна, ниту една операција не може да ми го одземе тоа“ – изјавила мајката на која во младоста ѝ била дијагностицирана ендометриоза поради која ѝ бил отстранет едниот јајник.

Царски рез Царски рез

Во искрена исповед за „The Honest Body Project“, Жаклин ја раскажа својата приказна.

Кога имав 24 години докторите открија дека левиот јајник ми беше екстремно зголемен. Тоа доведе до месеци поминати во испитувања, доктори, онколози и операција. Во моето семејство има историја на рак на јајниците и докторите не можеа да објаснат точно што ми беше или зошто растеше толку брзо. Операцијата го отфрли ракот, а мене ми беше дијагностицирана агресивна ендометриоза. Имам лузна од папокот до карличната коска, еден јајцевод и еден јајник помалку и ткиво кое докторите не можеа да го отстранат.

Мене и на моето момче (сегашен сопруг) ни беше кажано дека ќе биде тешко да имаме деца, ако воопшто биде возможно и дека поради ендометриозата, можеби ќе го изгубам и другиот јајник и можеби еден ден ќе треба да направам хистеректомија. Една година подоцна, непосредно пред нашата свадба, одлучивме да се обидеме да имаме деца. Одлучивме дека ќе имаме 4 деца, бидејќи ендометриозата е како темпирана бомба и не сакав да жалам подоцна.

Ни требаа 4 години за да ја добиеме нашата прва ќерка и по 5 дена поминати во породување, јас завршив со царски рез... Лузната која за малку ќе ја определеше мојата иднина, завршува онаму каде што започнува лузната која ми ја даде иднината.

Царски рез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11434 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.