Почетна » Новости » Занимливости » Момче неизмерно се радува на новата куќа откако семејството го изгуби домот поради болест

Момче неизмерно се радува на новата куќа откако семејството го изгуби домот поради болест

Видео од момче кое неизмерно се радува на новата куќа стана вирално, а приказната зад неговата реакција инстантно ќе ве разнежни.

Евин и неговото семејство останале без покрив над главата кога неговиот татко останал без работа поради болест и операција на срцето. Тие морале подолг период да живеат кај пријатели и во хотели, па веста дека конечно ќе имаат сигурен дом, го усреќи малото момче.

@malloryellis4 After months of being #houseless we are finally HOME #fyp #housingcrisis #rentalcrisis #florida #homeless #houseless #houselessness #momtok #ourstory ♬ Storytelling - Adriel

Имено, таткото Дарел морал да помине низ операција на отворено срце и не бил работоспособен во следните шест месеци. Поради тоа, неговата сопруга Малори најпрво морала да работи две работи за да избегне да бидат исселени од местото каде што живееле под кирија.

За жал, нештата не се одвивале добро и морале да го напуштат дотогашниот дом. Тие заминале да живеат кај пријатели и во хотел, додека да успеат да обезбедат сигурен дом за нивните деца.

Дарел се опоравил и се вратил на работа, па нештата започнале да се движат по нагорна линија. „Како татко, не можев да бидам погорд од тоа. Се расплакав. Беше вистинско олеснување да го видам тоа на лицето на син ми. Нема повеќе хотели, нема повеќе спиење кај пријатели. Ова ќе биде твое“ – вели таткото во видеото.

семејство семејство семејство
@malloryellis4 Our story. #fyp #momtok #rentalcrisis #foryou #storytime #grateful #houseless #florida ♬ original sound - Mallory Ellis

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11245 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.